Реклама

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Македонија

Презентиран проект за климатска отпорност во Општина Дојран

Хуманитарната организација Македонски Каритас одржа работна средба во Општина Дојран, на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хуманитарната организација Македонски Каритас одржа работна средба во Општина Дојран, на која беше презентиран проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.

На состанокот присуствуваа градоначалникот Илија Тентов и општинскиот тим, при што беа разгледани планираните активности и можностите што проектот ги нуди за локалната заедница, соопштија од оваа невладина организација.

Овој проект е финансиран од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас.

Реклама

Од организацијата истакнуваат дека целта на работната средба е зајакнување на меѓуопштинската соработка и спроведување мерки за намалување на ризиците од сè почестите климатски екстреми.

Со проектот посебен акцент се става на вклучувањето на жените и поддршката на локални зелени иницијативи, како дел од поширокиот пристап за јакнење на отпорноста на заедниците.