Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Презентација на резултати од проектот „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за бариста обука“

Резултати од европскиот проект „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резултати од европскиот проект „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за бариста обука“ ќе бидат презентирани денеска на настан во Институтот за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ.

Од ИТЕМ најавија дека ќе бидат презентирани е-платформа за учење, наставна програма, тренинг материјали и Прирачник за Баристи, подготвени да се користат од страна на почетни и напредни баристи, како и од обучувачи и угостителски бизниси. Ќе бидат споделени и успешни примери на пракса од партнерски организации.

Проектот БАРИСТА претставува прва иницијатива во земјава што воспоставува систематизиран модел за развој на бариста вештини, усогласен со современите европски стандарди и барањата на угостителскиот пазар. Преку дигитални алатки и практична едукација, проектот обезбедува структуриран пристап во надградувањето на професионалните компетенции и квалитетот на услугата во кафе индустријата. Овој иновативен пристап е од особено значење за подобрување на професионалните можности на младите и за подигнување на нивото на услужните дејности во државата.

Реклама

Проектот е кофинансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ и се реализира во партнерство со организации од Франција, Македонија, Турција, Грција, Италија и Шпанија.