Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Презентација на македонската гајда и турскиот тулум во Истанбул

Во Македонскиот културен центар во Истанбул утре со почеток во 20.00 часот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонскиот културен центар во Истанбул утре со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи културен настан посветен на заедничката традиција на македонската гајда и турскиот тулум, како значаен дел од нематеријалното културно наследство на двата народа.

-Настанот се организира по повод 10 март – Меѓународниот ден на гајдата, со панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од Македонија и Турција. Панелот ќе биде посветен на историските, културните и етномузиколошките аспекти на гајдарската традиција, како и на нејзината улога во современото културно наследство. Особено внимание ќе биде посветено на процесот на впишување на гајдата и тулумот, кои беа заеднички внесени на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото во УНЕСКО. Ова признание претставува значаен пример за успешна културна соработка меѓу Македонија и Турција, најавуваат од Македонскиот културен центар.

Во рамките на програмата, преку презентација ќе бидат претставени и органолошките карактеристики и разликите меѓу македонската гајда и турскиот тулум, како и регионите и заедниците во двете земји каде оваа традиција и денес активно се практикува.

Реклама

Македонската гајда на панел-дискусијата ќе ја претстави Управата за заштита на културно наследство, предводена од директорката Весела Честоева, која ќе говори за нејзиното значење, традиција и процесот на нејзината меѓународна заштита, како и Ивона Опетческа-Татарчевска, раководител на Секторот за межународна дејност при УЗКН и виш соработник за фолклорни добра.

Настанот ќе биде збогатен и со изведби на гајда и тулум во живо, кои на публиката ќе ѝ овозможат автентично музичко доживување и непосредно запознавање со звучниот свет на оваа древна традиција.

Со овој настан Македонскиот културен центар во Истанбул официјално ќе ја отвори својата културна програма за 2026 година, продолжувајќи ја својата мисија на промоција на македонската култура и зајакнување на културната соработка меѓу Македонија и Турција, посочуваат од Македонскиот КИЦ во Истанбул