Во општинската зграда во Велес денеска ќе се одржи презентацијата на Инструментот за поддршка за зелени бизниси, кој е дел од Greening Business Facility, кофинансиран од Европската Унија и Владата на Република Македонија.
Како што информираат организаторите, на презентацијата ИНОВА ќе ги претстави можностите за неповратна финансиска поддршка за микро, малите и средните претпријатија што сакаат да воведат меѓународни стандарди и сертификати за заштита на животната средина, енергетска ефикасност, зелено градежништво и безбедност на храна.
-Инструментот нуди неповратна финансиска поддршка до 80% од прифатливите трошоци; две мерки советодавни услуги (Мерка 1) и сертификација (Мерка 2), секоја до 150.000 денари без ДДВ; вкупен буџет од 13.500.000 денари, со кој се очекува поддршка за најмалку 45 претпријатија – посочуваат организаторите.

