Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Превезувал четворица мигранти – полицијата уапси 40-годишен кумановец

Четириесетгодишен кумановец превезувал мигранти од Непал, Индија и Пакистан, соопшти денеска МВР.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесетгодишен кумановец превезувал мигранти од Непал, Индија и Пакистан, соопшти денеска МВР.

-Денеска во 04:15 часот на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово, информираше полицијата.

При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал кумановецот и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал четири лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.

Реклама

-Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во транзитниот центар Табановце и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.