Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Ѓорѓиевски, на средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер

Денес во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба помеѓу Претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба помеѓу Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. Во конструктивна атмосфера, се дискутираше на повеќе теми, а главен акцент беше ставен на досегашната успешна соработка меѓу Општина Кисела Вода и Франција, како и на можностите за нејзино продлабочување. Градоначалникот Ѓорѓиевски го запозна амбасадорот Ле Риголер со бројни иницијативи реализирани во изминатиот период, потенцирајќи ја отвореноста на општината за идна билатерална и проектна соработка.

Од аспект на ЗЕЛС, Претседателот Ѓорѓиевски го претстави начинот на функционирање на општините во Република Македонија, како и заложбите на ЗЕЛС за унапредување на децентрализацијата, зголемување на надлежностите на локалната самоуправа и градење партнерства со меѓународни чинители. Во тој контекст, беше истакната и важноста на воспоставувањето на поблиски односи меѓу македонските и француските градови, преку иницијативи за збратимување и размена на добри практики.

-Општина Кисела Вода е општина со брз развој, посебно во последните години, отворена за партнерства и нови идеи. Франција е земја со богата традиција и искуство во многу области, и затоа верувам дека преку продлабочена соработка можеме да донесеме нов квалитет во нашето локално делување. Верувам дека оваа средба ќе биде поттик за идни заеднички проекти и зближување меѓу нашите две земји, како на институционално, така и на општествено ниво-нагласи Ѓорѓиевски

Реклама

Амбасадорот Ле Риголер ја поздрави отвореноста на Општина Кисела Вода и ЗЕЛС за меѓународна соработка, нагласувајќи дека Франција останува подготвена да ја поддржи размената на искуства и иницијативи. Тој ја истакна важноста од поврзување на француски и македонски општини преку конкретни проекти и збратимувања, оценувајќи дека ваквите партнерства претставуваат солидна основа за заеднички развој и приближување на двете земји.