Реклама
Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија

Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје, информира премиерот Христијан Мицкоски.

„Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата. Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка,“ откри премиерот.

„Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји“, рече Мицкоски.