Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски се сретна со шпанскиот колега Кандидо Конде Пумпидо Турон

Учеството на претседателот на Уставниот суд на Македонија, Дарко Костадиновски и судијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учеството на претседателот на Уставниот суд на Македонија, Дарко Костадиновски и судијата Ана Павловска – Данева на 4. Конгрес на Светската Конференција за уставна правда кој се оддржува во Мадрид, започна со билатерална средба со претседателот на Уставниот суд на Шпанија, Кандидо Конде Пумпидо Турон, соопшти денеска прес-службата на Уставниот суд. 

Костадиновски на средбата изразил висока почит за улогата на шпанскиот Уставен суд во изградбата на правната држава  во владеењето на правото во Кралството на Шпанија. Биле разменети информации во однос на предизвиците со кои се соочуваат двата суда, а на интерес на соговорникот, претседателот на Уставниот суд Костадиновски, го запознал со активностите на Балканскиот форум на уставни судови и со аспирациите на Форумот да стане посебен дел односно да биде на листата на регионални групи на Светската конференција, за што ќе се одлучува на Генералното собрание в четврток.

Костадиновски, упатил покана за посета на претседателот на Уставниот суд на Шпанија, на Македонија, во октомври или ноември 2026 година, на самитот кога Уставниот суд на Македонија ќе претседава со Форумот на Балкански уставни судови.

Реклама

Од Уставниот суд информираат дека Пумпидо изразил целосна подготвеност за јакнење на билатералните врски и соработка, размена на искуства и знаење имајќи ги предвид, како што наведуваат, сличните предизвици и фази во развојот и улогата на двата суда во развојот на демократските вредности и владеењето на правото во Македонија и Кралството на Шпанија.

– Претседателот на Уставниот суд на Шпанија, Пумпидо изрази силна поддршка и подготвеност за соработка во напорите на Македонија за интеграција во Европската унија, истовремено искажувајќи интерес за причините коишто долг временски период го оддолжуваат овој процес, соопшти Уставниот суд.

На средбата, Костадиновски, упатил и честитки за организацијата на Светската конференција,

На денешната агенда на Светската конференција, претседателот на Уставниот суд, Костадиновски и судијата Павловска – Данева, ќе учествуваат на двете регионални групи, односно на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови и на Конференцијата на Европските уставни судови на која ќе се усогласуваат ставовите за заеднички настап на Пленарниот состанок на Светската конференција што започнува утре.