Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во работна посета на Вашингтон

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, престојува во работна посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, престојува во работна посета на Вашингтон, САД, каде што оствари низа средби со високи претставници на американските институции и на меѓународни организации во рамките на зајакнувањето на билатералните односи и меѓупарламентарната соработка.

Гаши, како што соопшти собраниската прес-служба, остварил средба со членката на Конгресот на Соединетите Американски Држави, Клаудија Тени, копретседателка на парламентарната група за Македонија во Конгресот. За време на средбат, соговорниците разговарале за стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави засновано на заеднички демократски вредности, како и за значењето на улогата на американскиот Конгрес во развојот и стабилноста на регионот.

Гаши ја истакнал посветеноста на Македонија како членка на НАТО, при што ја нагласил и важноста на американското лидерство во зачувувањето на евро-атлантската безбедност, особено на Западен Балкан.

Реклама

Во продолжение на посетата претседателот на Собранието остварил средби и со директори на меѓународни организации, кои со години ги поддржуваат демократските процеси и институционалниот развој на Собранието на Република Северна Македонија, односно со претставници на IRI и NDI.

На средбата со Даниел Твајнинг, претседател на Меѓународниот републикански институт (IRI), и Стивен Никс, директор за Европа и Евроазија, се разговарало за досегашната соработка и за стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД.

На средбата со Тамара Витес, претседателка на Националниот демократски институт (NDI), и Скот Бејтс, регионален директор за Европа и Азија, се разговарало за вредноста на долгорочната соработка меѓу Собранието и NDI. Гаши изразил благодарност за проектите насочени кон зајакнување на независноста и парламентарниот капацитет, дигитализацијата, транспарентноста и приближувањето на Собранието до граѓаните, вклучително и програмата за парламентарна поддршка, која со години дава видливи резултати.

Гаши на сите средби високо ја оценил континуираната поддршка од американските партнери за унапредување на демократските стандарди потврдувајќи ја повторно подготвеноста на Собранието на Македонија за продолжување и продлабочување на соработката во функција на зајакнување на демократијата, стабилноста и подоброто претставување на граѓаните.

Во овој дел од агендата Гаши бил придружуван од потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, како и од владината делегација на Македонија, во чиј состав се министрите Стефан Андоновски и Златко Перински, како и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Како што соопшти собраниската прес-служба, за време на посетата Гаши ќе учествува на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast), а покрај многуте средби со значајни институционални претставници, се очекува да се обрати на Форумот за безбедност во американскиот Конгрес, како и да учествува на панел-дискусијата на конференцијата Balkans Forward Summit, организирана од Атлантскиот совет.