Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск“

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова.

Пред околу 200.000 верници и почитувачи на папата, како и бројни религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации, се одржаа црковни церемонии. Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство по повод неговата смрт, претседателката Сиљановска-Давкова во телеграмата испратена до Ватикан ја истакна неговата импресивна и инспиративна личност, која беше совршена хармонија помеѓу зборовите и делата. Таа му оддаде признание за огромното влијание што го имаше како заклет миротворец, хуманист, застапник на меѓурелигискиот дијалог и помирувањето.

Во возвишена атмосфера и света миса, водена од кардиналот Џовани Батиста Ре, присутните беа исполнети со аплаузи и солзи додека го испраќаа саканиот папа во неговиот вечен дом, базиликата Санта Марија Маџоре. За разлика од претходните папи кои се погребани во криптата на базиликата Свети Петар, папата Франциск остави аманет да биде погребан во Санта Марија Маџоре, една од „петте папски базилики“. Во таа базилика, во 2015 година, беше поставена плоча на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.

Реклама

Минатата година, претседателката Сиљановска-Давкова имаше аудиенција кај папата Франциск, која ја оцени како незаборавен настан, благодарение на мудрите папски мисли за најважните светски прашања и неговиот респект кон македонската традиција на толеранција на различностите. Папата Франциск, исто така, ја потврди важната улога на религијата во развојот на општествената хармонија. Тој беше првиот поглавар на Римокатоличката црква кој ја посети Македонија. За време на историската посета во 2019 година, папата изјави: „Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло се првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел Христовото учење“.