Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребната миса на папата Франциск во Ватикан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на погребната миса во чест на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на погребната миса во чест на Неговата светост папата Франциск, која ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

На последното испраќање на папата на плоштадот Свети Петар најавено е присуство на бројни светски лидери, претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и околу 200.000 верници.

Реклама

Папата Франциск, согласно неговата последна желба, ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.