Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Претседателката на Судскиот Совет, Весна Дамева си поднесе неотповиклива оставка, нејзиниот мандат секако завршува за неколку дена

Весна Дамева си поднесе оставка од претседателската функција три дена пред да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Весна Дамева си поднесе оставка од претседателската функција три дена пред да и заврши мандатот. Таа требаше да биде на чело на Судскиот совет до 5-ти декември, кога впрочем и истекува рокот од две години за да раководи со највисокото судско тело. Но според Дамева, таа требала да остане во претседателската фотеља уште осум месеци, бидејќи незаконски била разрешена од функцијата минатата година. Сепак денеска решила да се повлече за да си го заштитела угледот и семејството. Тврди дека политичари од власта се обидувале да и го нарушат нејзиниот личен интегритет, а разочарана била и од извршната и законодавната власт, кои немале слух за финансиските проблеми со кои се соочувало судството.

  • Во изминатиот период нема слух кај извршната и кај законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна судска власт, која треба да се обезбеди со финансии. Согласностите за 2024 година беа одбиени, финансиите скратени И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство. Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата“ – рече Дамева.

Дамева им е благодарна на членовите на Советот кои според нејзе имаат интегритет, а дел од нив гласаа за нејзино незаконско разрешување лани. Според неа, мнозинство во Судскиот совет се професионалци, а најголема почит имала за судиите кои не им се додворуваат на политичарите. Ги критикуваше и дел од медиумите-портали за кои рече дека пишувале текстови по нарачка се со цел да биде оцрнета.

  • „Длабоко во себе верувам дека судиите се независни и професионални, но постојат исклучоци кои поради одредена лична корист биле ставени и се ставени во рака на политичарите. На тие таквите имам да им порачам само едно: Не си играјте со огaнот, за своја лична и еднократна корист нанесувате колективна и долгорочна штета за целото судство, ги омаловажувате вашите колеги судии и ја девалвирате судиската функција. Судиската функција не е занает, не е трговија“, рече Дамева.

Ги посочи премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот Антонио Милошоски дека вршеле притисоци и сакале да и го нарушат интегритетот и да прикажат дека Судскиот совет не работи професионално и стручно.  Премиерот од собраниска говорница посочи дека до него стигнале документи за фалсификување на записници од страна на членовите на советот и повика обвинителството да ги истражи овие случаи.  И Мицкоски и Милошоски тврдеа дека на Дамева функцијата и завршува на 5ти декември, а не како што сака таа незаконски да си го продолжи уште осум месеци колку што беше разрешена од функцијата лани. Пратеникот обвини и за силна поларизација, и од угледна институција која треба да е Судскиот совет, направиле интитуција на задкулисни игри.