Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова помилуваше десет осуденици

По повод празникот, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова помилуваше десет осуденици. На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод празникот, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова помилуваше десет осуденици.

На тројца извршувањето на затворската казна им се заменува со условна, додека на останатите седуммина со одлуката им се скратува времетраењето на казната.

Нејзината одлука е објавена во службен весник на 22 октомври. Еден од нив е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кому претседателката му скрати една година од затворската казна од која му остануваат за извршување уште околу три години.

Делумно помилување со три месеци помала казна доби и Марјан Ефремов, кој беше првообвинет во предметот „Шпион“.

Меѓу делумно ослободените се и: Мухарем Али од Скопје, Тодор Попов од село Миравци, Томислав Симонов од Скопје, Перо Кузмановски од Градско и Живко Делиџаков. Тие добија намалување на затворските казни по два односно три месеци.

Извршувањето на затворската казна, според одлуката за помилување, пак, се заменува со условна осуда на: Акиф Равмановски од село Арачиново, Никола Трпчески од Охрид и Шенол Маслани од Арачиново.

Одлуките за помилување на осуденици, претседателот на државата ја носи по препорака на комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.