Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Прилози

Пресудите за Мерко заглавени во битолска Апелација

Пресудите против контроверзниот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот возен парк и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пресудите против контроверзниот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот возен парк и незаконското поставување директори во струшките училишта, половина година фаќаат прашина во битолска апелација. Струшкото јавно обвинителство ги обжали сите до сега изречени пресуди и бараше ефективна казна затвор.Од Апелациониот суд во Битола признаваат дека пресудите воопшто не се разгледани.

Апелационен суд Битола:Ве известуваме дека предметите се примени во нашиот суд  во август и октомври 2025-та и истите сеуште не се решени

За незаконското поставување на директори во 5 училишта Мерко помина со парична казна од 12.500 евра и една условна казна. Тој куртули од затвор,струшкиот основен суд го ослободиод винаиза набавката на луксузните автомобили во вредни околу 114.000 евра.

Реклама

Предметите се во Апелациониот суд Битола и сеуште се чека одлука по жалба.Доколку тие сметаат дека имало некоја повреда на постапката,тогаш предметот би се вратил на повторно судење.Доколку сметаат дека е нешто во однос на санкцијата,тогаш претпоставувам дека би се преиначиле а можат и да се потврдат.Меѓутоа додека не добиеме одлука тоа може само да се шпекулира -вели Јордан Јованов,судија

По серијата скандали,кривични пријави и обвиненија кои се редат против него,екс градоначник кој се најде за црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси,до сега се соочи со 10 обвиненија.Но тој е еден од 5-мината против кои МВР поднесе кривична пријава за рушење на спомен куќата на Владо Малевски. Кој ќе седне на обвинителна клупа, засега е неизвесно. Од ОЈО без детали,само потврдуваат дека е оформен предмет за афтентичниот објект од 19 век, кој беше срамно срушен.

ОЈО: “Основното јавно обвинителство Струга издаде повеќе наредби за проверка ,вклучително и соодветно вештачење.Обвинителството продолжува да обезбедува докази ,по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука

Инаку Мерко се товари и за незаконско поставување на скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга,a беше поставено на општинската зграда.На24 декември ќе седне на обвинителна клупа,кривично ќе одговара и за осветлувањето кое го постави на речното корито на реката Дрим.Мерко е и еден од обвинетите за бесправно градење на објект во еден струшки хотел.Судскот процес за овој случај кој се води во битолскиот основен суд,никако да почне.