Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Пресуда за „Ласкарци“: Вкупно 39 години затвор за обвинетите

39 години казна затвор за големата сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

39 години казна затвор за големата сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која животот го изгубија 16 луѓе а 30-тина се здобија со тешки и трајни повреди. Возачот кој ја држел линијата Скопје -Гостивар Маноил Трифуновски доби највисока казна бидејќи иако знаел дека автобусот не е исправен качил 55 патници на кобниот ден 13 февруари 2019-та. Ја прекорачил и брзината па наместо со 80 возел со 99 на час кога ја изгубил контролата врз возилото и ги довел во опасности животите на патниците.

Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули доби 4 години затворска казна бидејќи иако знаел дека не смее, раководењето со возниот парк го препуштил на Ремзи Мифтари, кој немал соодветно образование и сертификати за работа за што доби 6 години затвор.

  • Говори Диана Груевска Илиевска: „Продолжил да се лизга по левата страна од автобусот преку коловозот и преминал на земјина и тревна површина од нива каде се превртел на покривот и застанал поради што настапила смрт на 16 лица “.

Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се осудени на по пет години затворска казна бидејќи дале зелено светло автобусот да вози патници наместо да го известат МВР дека е неисправен и кочниците не се целосно исправни.

Реклама
  • Говори Диана Груевска Илиевска: „Обвинетиот Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски овозможиле на превозникот „Дурмо турс“ да користи технички неисправен автобус кои неисправности Дурмил Белули и Ремзи Мифтари не ги поправиле и отстраниле, и дозволиле во сообраќајот на јавните патишта да учествува во сообраќајот на јавните патишта“.

 За семејствата на жртвите казните се недоволни бидејќи 13-ти февруари останува црн ден за Гостивар.

  • „Како да бидеме задоволни, особено кон прво обвинетите, сметаме дека казните се минимални, ова беше најтешката несреќа во историјата на постоењето на Гостивар,“ изјави татко на еден од загинатите.
  • „Нашите очекувања беа дека казните нема да се движат поблиску до законскиот минимум на казнување за ова кривично дело кое што може да се движи во распон од четири до 20 години. Во тој поглед секако дека ќе се преиспита казната и битна алка во одговорноста е одговорното лице и се надевам дека во иднина никогаш нема да бидеме сведоци на ваква трагедија“, рече Јакимовски.

 За сите обвинети судот изрече забрана за вршење на дејноста во период од пет години.