Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Пренџов: Владата останува посветена на стабилизација на државата и борба против корупцијата

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, нагаси дека Македонија се движи кон поголема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, нагаси дека Македонија се движи кон поголема стабилност и благосостојба за граѓаните.

Пренџов додаде дека Владата се фокусира на борба против криминалот и корупцијата и дека во последната година ја стабилизирала државата, додека за тоа ќе се изјаснат граѓаните на локалните избори.

Тој исто така посочи дека се работи на зголемување на платите и на транспарентноста на Владата, која е видлива преку редовните пратенички прашања во Собранието.

Реклама

-Македонија се повеќе и повеќе е на граѓаните на оваа држава. Ќе започнам со Законот кој што го изгласавме со тоа што се покачи пензијата линеарно за 5000 денари. Исправивме една историска неправда, вели Пренџов.

Пренџов потенцираше дека уште од почетокот, Владата се залага за решавање на проблемите како и со борба против криминалот и корупцијата. Според него, оваа власт ја стабилизира државата, а за тоа ќе се огласат и граѓаните на претстојните локални избори.

-Сметам дека имаме одлична борба со корупцијата на улиците, одлична борба со корупцијата онаа висока корупција. Сметам дека Република Македонија и тоа како е стабилизирана држава и тоа како е изнесена од дното во кое што беше втурната изминатиов период. После една година од новото управувачко мнозинство во Собранието сметам дека сме на висина на задачата. Граѓаните се оние кои што одлучуваат дали тоа е така или не. Имаме за краток временски период локални избори, ќе се види што граѓаните сметаат како работиме до сега, рече Пренџов.

Пренџов додаде дека активно се работи на зголемување на платите во Македонија, а ја потенцираше и транспарентноста на Владата која најмногу може да се види преку седниците за пратеничките прашања, и напомена дека во претходната власт тоа не беше случај.

,,Континуирано се покачуваат платите во оваа држава. За прв пат во Собранието, со новиот Деловник, пратенички прашања имате два пати во еден месец“, истакна Пренџов.

Според него, секој пратеник во Собранието има право да постави прашање, меѓутоа никој од опозицијата не поставил:

„Од СДСМ дојдоа поставија 0 пратенички прашања, од Левица никој немаше присутен. Ниту еден пратеник од опозицијата не беше присутен да постави прашање. Пред 5-6 дена имаше пратенички прашање, повторно немаше ниту едно прашање. Опозицијата не може да креира прашање, заклучи Пренџов.