Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Економија

Пренџов: Стратешкиот договор со Велика Британија нуди многу поволности, ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој дебатираше за стратешкиот договор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој дебатираше за стратешкиот договор со Велика Британија и за тоа кои се бенефитите од договорот за Македонија, како и дека истиот е транспарентен и јавен, притоа истакна дека оваа Влада изминатите 11 месеци се занимава со крупни и големи прашања кои се од корист на сите граѓани.

„Ние имаме план, Македонија да ја направиме подобро место за живеење. Тој план го реализираме секојдневно, од почетокот на овој мандат, па се до ден денешен. Ние секојдневно гледаме дека се остваруваат нови проекти во општините, фирмите земаат кредит и сега сакам да кажам дека работите во Република Македонија се движат на подобро и тоа е добро. Во поглед на овој договор, разликата, почитувани колеги, е огромна. Не правиме никакви деловни тајни. Договорот е јавен, јавено го имаме во Собрание, се е јавно, јасно и транспарентно. Овој договор е влада со влада, Британија е држава која што ќе ги даде своите знаења во Македонија, ќе помага и 30% од работите ќе бидат изведени од нив. И трето, ќе си има јавни набавки и оној кој што е најдобар во Македонија ќе работи и оној којшто е најдобар во Британија ќе работи“, вели Пренџов.

Во дебатната емисија пратеникот ги наведе сите позитивни страни кои произлегуваат од стратешкиот договор, како и дека станува збор за крупни проекти кои ја придвижуваат економијата во државата во нагорна линија, како изградбата на брзата пруга и целиот тој бенефит од истата.

Реклама

„Ќе имаме брза пруга, сега е таа 235 км, ќе ја скратиме на под 200 км, ќе иде до 160 км на час. Ќе имаме товар, значи ќе се носат од пристаништето во Солун, од Кавала, од Атина, каде што ќе заработуваат меѓу 100 и 120 милиони евра годишно. Само што ќе поминуваат стоките од Македонија, државата ќе инкасира 120 милиони. Ако една пруга кошта 2 милијарди, за 15-17 години, таа пруга само од себе ќе се исплати. Ова се крупни проекти. За овие проекти, мораме да станеме сите, од прв до последен. И сакам да кажам дека каматната стапка ќе биде најниска“, рече Пренџов.