Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Македонија

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ има политика на чесен однос кон работниците и  синдикатите

„Во поглед на државните вработувања што ги имаме, ние имаме политика на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Во поглед на државните вработувања што ги имаме, ние имаме политика на многу чесен однос кон секој синдикат што беше во Владата овие две години. Првин дојдоа преговори од образование, добија кумулативно до крајот на нашиот мандат за 4 години речиси 48 %, потоа беа социјалните работници – речиси 20 % покачување, приближно 40 % добија од здравството покачување на платите, 10% добија во МВР вработените, целосно се исплатени сите пари во рамките на одбрана и на Армијата“, рече Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов потенцира дека инфлацијата за разлика од изминатите години е драстично намалена и дека преку дијалог со Владата работниците во јавните сектори ќе добијат покачување од 40 %. 

„Доколку има повисоки плати во приватниот сектор, тогаш и државата добива повеќе бидејќи тие средства работникот ги зема, ги троши, а државата преку даноци повеќе пари прибира во буџетот. Но одговорна држава вели дајте сега вие седнете како работодавачи и како работници направете еден дијалог и она што вие ќе се договорите, ние ќе го почитуваме како држава бидејќи во Република Македонија за разлика од 90-тите години, сега колку им треба работно место на работниците толку им треба човек и на сопствениците, ова што сега се случува е далеку од желба за реално решавање на работите“, рече Пренџов и додаде:

Реклама

„Во 2022 година инфлацијата беше 14,2 %, а на храна и пијалаци беше повеќе од 50 % инфлација, денес во 2025 имаме 3,9 % инфлација, лани сме имале 3,5 %, а во 2026 година ќе имаме 2,5 % инфлација. Очекувам в четврток оние 7.700 вработени и нивните претставници да дојдат во Владата, да разговараат и на крајот да ги добијат и тие нивни 40 %“.