Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство 

Денес Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја одржа амандманската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја одржа амандманската расправа по Предлог – законот за јавно обвинителство, закон од особено значење за унапредување на владеењето на правото и зајакнување на институционалната доверба.

Во духот на конструктивен дијалог и демократска зрелост, беа прифатени 14 амандмани од сите пратенички групи кои поднесоа предлози за подобрување на текстот на законот, пишува претседателот на Комисијата за политички систем Љупчо Пренџов на Фејсбук што ја објавува ВМРО-ДПМНЕ.

Овој пристап потврдува дека клучните реформски процеси можат и треба да се водат низ инклузивност, со почитување на различните ставови и со заедничка одговорност кон јавниот интерес.

Реклама

Како претседател на Комисијата за политички систем, особено ми претставува чест што процесот се одвиваше транспарентно и отворено, со вклучена јавна расправа и со активно учество на сите релевантни чинители.

Врз основа на ваквиот сеопфатен и инклузивен пристап, Комисијата му предлага на пленумот Закон за јавно обвинителство, како резултат на темелна дебата и заедничка посветеност кон јакнење на правната држава.

Остануваме посветени на градење институции што функционираат во интерес на граѓаните – преку дијалог, транспарентност и одговорност.