Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Премиерот Мицкоски очекува оставки од членовите на Судскиот совет

Се надевам дека доколку пратениците изгласаат недоверба на членовите на Судскиот совет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се надевам дека доколку пратениците изгласаат недоверба на членовите на Судскиот совет, тие ќе бидат доблесни и ќе си дадат оставки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

„Tреба да се удри по чело, да не се обидуваме да правиме експерименти. Судско-обвинителскиот сектор е политичко мочуриште полно со скандали. Вака повеќе не може. Очигледно е дека граѓаните не се задоволни од обвинителството и од судството во земјава, но како што реков, наскоро ќе зададеме удар директно во чело“ додаде Мицкоски

Премиерот објасни дека дури и ако на членовите на Судскиот совет им се изгласа недоверба во Собранието, тие можат да продолжат со своите функции. Затоа вели дека очекува оставки од нив ако се изгласа интерпелација.

Реклама

„И покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација тие можат и натаму да останат дел од Судскиот совет, не велам дека тоа е неточно, но во услови кога тој што те избрал ти гласа повторно недоверба, ти продолжуваш да водиш инает – тоа не е добро и тогаш имаме други механизми и алатки“ вели премиерот

Тој претходно преку својот профил на Фејсбук најави иницијатива за распуштање на Судскиот совет, која ќе ја поднесат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски напиша дека на државата и на граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и со сериозни промени, наспроти досегашните пракси на злоупотреби, кои имаат пуштено длабоки корени во системот.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма најави дека една од мерките за враќање на довербата на граѓаните во правосудството ќе биде распуштање на Судскиот совет, како и носење нов закон за оваа висока судска институција.