Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Премиерот нема верба во Бугарија: „Нашите стари рекле помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат“

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од официјална Софија стигнуваат многу различни пораки. По изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев во Тирана во која вели дека не станува збор за вето или блокада, туку за потреба од исполнување на обврските од преговарачката рамка кои земјава веќе ги прифатила, Мицкоски вели дека Бугарите на 24 јуни 25 е имаат прилика на дело да го покажат она што го зборуваат.

„Нашите стари рекле помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат. Еве имаме таква можност да го покажат тоа што го зборуваат, на 24 јуни на комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент се наоѓа извештајот во кој што очекувам бугарските членови на Европскиот парламент да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или презент, и во рамките на европскиот дух да биде усвоен тој извештај, а потоа и патоказот на малцински права кој што многу скоро ќе биде на дневен ред. Ете, имаат можност тоа што го зборуваат и на дело да го покажат“, рече премиерот Мицкоски денес при посетата на Битола.

Во име на добрососедските односи, премиерот Мицкоски очекува бугарската страна да прифати средба во рамките на состанокот во Хаг, да разговараат и за Коридорот 8 за и таму да тргне работата и овој проект да им биде приоритет.

Реклама

Бугарскиот претседател, Румен Радев, вчера во Тирана изјави дека нема да има значајни поместувања во однос на евроинтеграцијата на Македонија доколку не се испочитува Преговарачката рамка. Тој нагласи дека Бугарија не поставува нови услови, туку инсистира на целосно спроведување на веќе усвоените договори – како што се Договорот за добрососедство од 2017 година, два билатерални протоколи, и Преговарачката рамка од 2022 година.