Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Премиерот Мицкоски продолжува со средбите во Давос

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, за денеска на Светскиот економски форум во швајцарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, за денеска на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, најави повеќе билатерални средби, со претставници на компании и со неколку европски лидери.

Тој од таму информираше дека на вториот ден од самитот  имал инспиративни и продуктивни средби  со голем број мултинационални компании, на кои било разговарано за теми од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. Премиерот Најави  инвестиција од над 100 милиони евра на компанијата која доби дозвола за трет мобилен оператор во земјата – 4 ИГ.

Првиот човек на македонската влада стави посебен акцент на панелот за енергетика, каде бил активен учесник и говорник заедно со секретарот за енергетика на Соединетите Американски Држави, Крис Рајт.

Реклама

Според Мицкоски, Македонија не смее да остане нем набљудувач на енергетските процеси, туку треба да биде активен учесник.

Тој оптенцира дека повторно треба да се активираат, како што потенцираше, можеби заборавени енергетски проекти во минатото како што се ‘Чебрен’ и ‘Галиште’, ‘Бошков Мост’ и останатите, со цел да се понуди потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите коишто покажале несомнен интерес.

Првиот заменик министер на Владата, Беким Сали, како дел од македонската делгација на самитот во Давос, денес бил присутен на два панела.

На панелот за Клима конфликти и грижа. минисетерот зборуваше за важноста на дијалогот и регионалната меѓународна соработка, а на панелот „Балканот-историја, стабилност и иднина“ зборуваше за регионалните предизвици, европската интеграција и економскиот развој како столбови за мир и долгорочна стабилност“, информираа од министерството.

Самитот во швајцарскиот град завршува утре, по што Премиерот Мицкоски и делегацијата се враќаат.