Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје

Камен-темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје денеска свечено ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камен-темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје денеска свечено ќе биде поставен на локацијата на универзитетот (поранешна касарна „Илинден“), во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати на настанот. 

УМТ соопшти дека на настанот ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорот на Универзитетот, Беким Фетаји, првиот вицепремиер Беким Сали, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи-Шаќири, претставници од академската заедница и од државни институции и дипломати.

-Ова е значаен проект кој означува почеток на нова етапа за образовната инфраструктура и научната дејност во земјата. Изградбата на новиот кампус ќе послужи како мост помеѓу квалитетното образование и потребите на пазарот на трудот, обезбедувајќи современи услови за новите генерации студенти и истражувачи. Овој проект е доказ за нашата посветеност кон создавање средина каде што иновациите и професионализмот се во прв план, наведува Универзитетот „Мајка Тереза“.