Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Преку „Систем 48“ лани решени 1.046 проблеми на граѓаните на Струмица

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле решени 1.046 проблеми од вкупно пријавените 1.153 од страна на граѓаните.

Според информацијата од Општината, за останатите 107 е потребно повеќе време од 48 часови и истите биле проследени до надлежните служби.

Најголем број од доставените пријави се од областа на улично осветлување 777, од областа на собирање смет 241, водовод и канализација 74, паркови и зеленило 70, улици, патишта и тротоари 19 и општински инспекциски служби 12.

Реклама

Во информацијата се додава дека целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди Општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

-Следејќи го овој принцип „Систем 48“ како јавно достапен сервис за сите граѓани на општина Струмица, а кој успешно функционира веќе 14 години, ја отсликува работата на поголем дел од општинските служби кои проблемите пријавени од граѓаните ги решаваат во најкраток можен рок, се наведува во информацијата од локалната самоуправа.

Од „Систем 48“ им благодарат на граѓаните за користењето на нивните услуги и остануваат во нивна служба за решавање на проблемите преку пријавување на бесплатните телефонски броеви 080014848 и 076/484-848.

Инаку, во 2024 година преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми биле решени 1.119 проблеми од вкупно пријавените 1.191 од страна на граѓаните.