Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

„Преку езерото“ – Лазар Ристовски вечерва ќе ја добие наградата „Мето Јовановски“

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран вечерва ќе го добие својот лауреат.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран вечерва ќе го добие својот лауреат. Актерот Лазар Ристовски ќе ја добие наградата „Мето Јовановски“.

Лауреатот Лазар Ристовски својата петдецениска кариера ја гради во Србија, а му припаѓа на Балканот. Досега се појавил во околу 70 улоги, а потпишан е како продуцент на над 20 филмови.

На филмското платно во амфитеатарот во Дојран ќе биде прикажан негов омаж, а по доделувањето на наградата, публиката ќе ужива во филмот „Дневникот на машиновозачот“, во кој главна улога игра токму Лазар Ристовски. Потоа ќе следува и разговор со Лазар Ристовски за неговата кариера, за актерството, за животот посветен на уметноста на филмот.

Реклама

Филмскиот фестивал, кој започна синоќа и ќе трае до 12 август, се одржува по четврти пат и ќе изобилува со проекции на македонски, балкански и медитерански филмови.