Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Свет

Преговорите меѓу САД и Иран во Пакистан завршија без договор

САД и Иран не успеаја да постигнат договор за завршување на конфликтот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

САД и Иран не успеаја да постигнат договор за завршување на конфликтот и за отворените прашања меѓу двете земји. Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс денеска го напушти Пакистан и рече дека од преговорите со иранските претставници во Исламабад носи добра и лоша вест.

„Имавме серија суштински разговори со Иранците, тоа е добрата вест. Лошата вест е дека не постигнавме договор. Мислам дека тоа е лоша вест за Иран, а не за САД. Многу јасно им ставивме до знаење на Иранците кои се нашите црвени линии“, изјави американскиот потпретседател пред да замине од Исламабад.

Венс рече и дека САД ја дале својата конечна и најдобра понуда, а Иранците одбиле да ги прифатат американските услови за договор, за кои рече дека биле доста флексибилни. Тој додаде дека, по повеќечасовни преговори, Иран не се откажал од својата нуклеарна програма, што беше едно од клучните прашања во разговорите.

Реклама

Во врска со преговорите во Исламабад се огласи и портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, кој рече дека несогласувањето околу две или три клучни прашања спречило договор со САД. Тој посочи дека двете страни постигнале договор за некои прашања, но дека имаат разлики во ставовите за други.

Ниту Вашингтон, ниту Техеран не соопштија што ќе се случи по двонеделниот прекин на огнот.