Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Преголемата партизација и слабата работа на обвинителството – причина за наместени тендери

Преголемата партизација на општеството фрла сомнеж за наместени тендери. Бенефит од тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преголемата партизација на општеството фрла сомнеж за наместени тендери. Бенефит од тоа имаат не само поединци, туку и политички партии. Ова е реакцијата на дел од аналитичарите откако анализата на Центарот за граѓански комуникации покажа дека за пет години, десет исти фирми свртеле 1 милијарда евра државни пари. Во мала држава како Македонија, велат тие, не е тешко кога си близок со некој на власт да дознаеш какви се условите, па дури и да ги наместиш за да фаворизираш една фирма да добие милионски тендер. Оваа пракса не е од сега, туку трае со децении. Огромен простор за корупција, особено фрла случајот со Марковски Компани која со години ги добива тендерите за ископ на јаглен во РЕК Битола, без притоа раководните органи да се потрудат да набават сопствена механизација за да заштедат на трошоци.

Особено симптоматично, за аналитичарите е тоа што јавното обвинителство отвора случаи, но без никаков епилог. Кога би имало казни, велат тие, би имало и позитивни ефекти.

Нелојална конкуренција има и кога фирмите се договараат меѓу себе кога учествуваат и даваат понуди на тендерите. Дел од нив се обесхрабруваат и воопшто да изнесат своја понуда, ако имаат интерни информации дека јавниот повик е однапред наместен и фаворизира некоја фирма преку определување специфични услови во тендерската документација.

Реклама

Истражувањето открива дека договорите за јавни набавки кои се склучени во претходните 5 години, достигнуваат вкупно 5,8 милијарди евра, а една третина од нив, или над две милијарди евра добиле 50 фирми. Меѓу првите 10 фирми се „Марковски компани Битола“, „Д-р Пановски“, „Пуцко Петрол“, „Енерџи Деливери Солушнс“, „Илинден Струга“…