Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Прилози

Предвремени избори нема да има- премиерот Мицкоски по кој знае кој пат стави точка на ова прашање

Предвремени парламентарни избори нема да има, Македонија ќе оди на редовни во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предвремени парламентарни избори нема да има, Македонија ќе оди на редовни во 2028-ма, потврди премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека иако од гледна точка на ВМРО-ДПМНЕ предвремено изборно соочување би им одговарало согласно рејтинзите, сепак државата сега нема простор да загуби шест месеци во период на техничка Влада, што целосно би ги блокирала економските и политички процеси. Според Мицкоски тоа би било неодговорно, во период кога мора да се средуваат лошите наследени работи и да се направат низа реформи за подобар живот на граѓаните. 

-Ако гледаме од оптиката на ВМРО-ДПМНЕ, што е наш интерес, наш интерес е да има предвремени избори, зошто би се откажал, напротив јас би стимулирал, ако тоа сум го кажал и ако гледам од оптиката на интерес на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. И сега замислете јас на крај на емисијата, да ви реков да ние се подготвуваме за предвремени парламентарни избори и да потрошиме уште половина година живот на нашите граѓани, замислете каков лицемер би бил, изјави Мицкоски.

Иако Мицкоски јасно кажа дека предвремени избори нема да има, од опозициската СДСМ сепак биле сигурни дека ќе има. Венко Филипче повторно реши и за оваа тема да говори за други држави, односно Србија и Унгарија. Ќе имало таму избори, па поради и во Македонија.

Реклама

-Во однос на нашата подготвеност, апсолутно во било кое време сме спремни да настапиме на избори, притоа мислам дека конечно на граѓаните им е јасно за каква Влада станува збор и дека повеќе нема да може да помине лажната пропаганда, со која што тие дојдоа на власт во 2024-та година, кога да потсетам со националистичка реторика, со пропаганда дека СДСМ се предавници на националните интереси, ветуваа подобра преговарачка позиција со ЕУ, изјави Филипче.

Претходно Али Ахмети кажа дека имал средба со Мицкоски, на која имало наводно ветување дека ќе има предвремени парламентарни избори, па потоа се повлекол, затоа што на ВМРО-ДПМНЕ не му одговарало тоа.

Матеја Петровски