Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Предновогодишна репортажа на Алфа во Локарно, Швајцарија

Локарно – швајцарски град на југот – во близина на границата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локарно – швајцарски град на југот – во близина на границата со Италија – со околу 30-тина илјади жители.

На градскиот плоштад или „Пиаца гранде“, жителите на градот Локарно но и целата општина ги забавува локални но и музички звезди од цела Швајцарија. Новогодишната атмосфера почнува од 24 ноември па се до православен Божиќ на 7-ми јануари.

Жителелите на Локарно на концертите може да го слушнат и својот градоначалник Алан Шерер како пеач во рок група„ VASKO JAM“  која често има свои концерти во Локарно. Локалците имаат само добро зборови за својот рокер – градоначалник како што знаат да кажат, а Шерер за Алфа вели дека се труди да научи и македонска музика иако не е лесно.

Реклама
  • „Ми се допаѓа многу македонската музика, како и македонските игри и ора. Се трудам да ги научам, но не е лесно. Прекрасни се!“ вели Шерер во изјава за Алфа.

Не не само новогодишниот амбиент, Локарно „свети“ и преку ден. За високот ниво на хиегиена  во градотот се грижат сите и локалните власти но и жителите.  Градоначалникот на Општина Муралто во кантонот Тичино, Стефано Џиларди, во изјава за Алфа, не крие дека претходело многу напор за денеска Швајцарија да е синоним за убавина.

  • „Швајцарија не е една нација. Швајцарија е една Конфедерација и таа е создадена со напор за културно обединување на три етноси (речиси четири). Тоа значи дека постои еден континуиран напор за соживот со различни менталитети, за соживот со правила и закони кои им одговараат на сите, што значи: ред, дисциплина, етика и сериозност, која е можеби една од суштинските работи. Секој етнос придонесува или носи по нешто во овој состав. Германските Швајцарци придонесуваат со ред, одлучност, сила во континуитет. Француските Швајцарци придонесуваат со брилијантноста на нивниот француски дух. Италијанските Швајцарци (или Тичинези) придонесуваат со нивната фантазијa и весел дух кој го има на југот од Алпите, кај што има најмногу сонце“ вели Стефано Џиларди – Градоначалник на Општина Муралто.

Локарно е туристичко место, многу повеќе посетувано во летно време поради езерето Маџоре на чиј северен брег се наоѓа градот. Од север е опкружен со јужните краци на Алпите, па климата е идеална и во зимскиот период.