Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Економија

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска во Собранието

Претседателката на државата денеска до Собранието треба да достави предлог за нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата денеска до Собранието треба да достави предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница.

Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај.

– Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова минатата недела, најавувајќи дека денеска ќе го достави предлог кандидат за наследник на Ангеловска-Бежовска.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека за гувернерската позиција се во игра вонсериски искусни кандидати за кои е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност.

Еден од условите за поддршка на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и Владата, според Мицкоски, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

– Веќе имавме разговори со претседателката во понеделеникот на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван, рече Мицкоски минатата недела на новинарско прашање.

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).

Овластувањата и задачите на гувернерот на НБ се уредени во Член 48 од Законот за Народна банка.Пропишано е дека гувернерот ја претставува Народната банка, одговорен е за извршување на одлуките на Советот на Народната банката и за контролата на управувањето и работењето на Народната банка, врши други работи кои со овој закон не се утврдени во надлежност на Советот на Народната банка и Извршниот одбор.Во рамките на неговите овластувања, гувернерот може да ги преземе сите потребни или соодветни активности при управување и работење на Народната банка, вклучувајќи набавка на стоки и услуги, договорни обврски во име на Народната банка и вработување, како и избор на агенти на Народната банка.Гувернерот може да формира едно или повеќе работни, советодавни и други тела во врска со прашања од негова надлежност и ги дефинира нивните задачи и активности. Во рамките на правилата усвоени од страна на Советот на Народната банка, гувернерот може да пренесе некои од своите овластувања или задачи на други членови на Советот на Народната банка или на лицата со посебни овластувања и одговорности во Народната банка. Гувернерот редовно го известува Советот на Народната банка за работењето на Народната банка и спроведувањето на политиките, за прашањата поврзани со стабилноста на банкарскиот систем и за состојбата на пазарот на пари и девизните пазари, вклучувајќи ги сите настани и состојби што имале или се очекува да имаат значително влијание на работењето на Народната банка, на спроведувањето на нејзините политики, на финансискиот систем или на пазарот на пари и девизниот пазар.