Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

Предлог законите за внатрешни работи и за полиција го поминаа комисиското второ читање

Предлог законите за внатрешни работи и за полиција го поминаа комисиското второ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог законите за внатрешни работи и за полиција го поминаа комисиското второ читање на која за предлог измените за внатрешни работи беа поднесени 47 амандмани од пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство, додека за законот за полиција 12 амандмани.

Пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски кој е и овластен предлагач на поголемиот број амандмани меѓу кои и амандманот за бришење на членот од предлог законот со кој се укинуваат регионалните центри за гранични работи, како и полициските станици за гранични проверки и граничен надзор, рече дека не е се во согласност со европските регулативи.

Според него, овој пристап е спротивен на долгогодишната поставеност на граничната полиција како специјализиран и автономен дел од безбедносниот систем, чие функционирање е клучно за исполнување на европските стандарди за интегрирано управување со граници. Појасни дека токму регионалните центри за гранични работи обезбедуваат стручна, брза и ефикасна реакција во граничната контрола, надзор и справување со илегални миграции, трговија со луѓе и други прекугранични закани.

Реклама

Предлог амандманите на пратениците од владејачкото мнозинство се однесуваа на предлог-законот во делот на именувањето на Полицискиот центар во Полициска академија, кој беше прифатлив за предлагачот на Законот.

Голем број од амандманите не беа прифатени, а дел делумно прифатени со, како што рекоа претставниците од МВР, дополнително појаснување и усогласување.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на првото комисиско читање појасни дека Предлог законот за внатрешни работи има цел да изгради функционален, ефикасен и фер систем.

-Со овој закон ги поставуваме новите темели на кадровската и организациска структура на Министерството, истакна Панче Тошковски.

Според него, новите решенија се фокусирани на поедноставување на квалификацијата на работните места.

-Го надминуваме деценискиот хаос, наместо седум категории и 38 нивоа и 28 видови на работни места, новиот ЗВР нуди две категории,  раководни и извршителски, три јасно дефинирани нивоа и 10 видови работни места, рече министерот.

Појасни дека законски се предвидуваат испити и за унапредување со елиминаторен карактер за клучните позиции, како што ќе бидат главен инспектор и раководни работни места. Задолжителни интервјуа како интерни огласи, обука како предуслов за сите кои за прв пат добиваат раководна позиција. Додаде дека ќе има и прецизни правила за привремено  распоредување и унапредување под строго определени услови.