Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите на пленарна седница

Во Собранието денеска треба да се одржи 74. пленарна седница на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска треба да се одржи 74. пленарна седница на која на дневен ред  е Предлог на одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, во второ читање. 

Како што се наведува во Предлог одлуката објавена на веб страната на Собранието, целта на предложената Одлука е соодветна реалокација на средствата помеѓу буџетските корисници со цел финансирање на приоритетните потреби на буџетските корисници во функција на подобрена реализација на Буџетот за 2025 година.

– Се врши прераспределба на средства во рамки на одобрениот буџет на Министерство за одбрана. Притоа се обезбедуваат дополнителни средства за трансфери кон ПИОМ по основ на транзициски трошоци поврзани со законски обврски поврзани со исплатата на пензиите, за трансфери кон ФЗОМ по основ на обврски за придонеси за задолжително здравствено осигурување на лица кои немаат по ниту еден основ здравствено осигурување и за исплата на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, за поврат на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во заштитните друштва, за исплата на социјални надоместоци, навремено извршување на трансфер на средства кон Јавното претпријатие за државни патишта за исплата на времена ситуација согласно склучен договор и Закон за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10д (Делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија (Сл. Весник на РСМ 163/2021, 111/2023 и 255/2024), за целосна исплата по склучен договор за изработка на подготвителна техничка документација за Проектот за изградба на брза железница долг Коридор 10, за нормално функционирање на целокупниот железнички систем во државата, за изработка на урбанистички планови, за контрибуција кон Меѓународната поморска организација (IMO), се наведува во текстот. 

Реклама

Истовремено, се потенцира натаму, се обезбедуваат средства за покривање на трошоци во арбитражни постапки, трошоци за лиценци, обврски по склучени договори поради порамнување на цени што произлегуваат од минималната плата, трошоци за реконструкција на поранешен објект на Комерцијална банка и слично. 

Предлог на одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, во второ читање, претходно е на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија.