Предлог-измените на Законот за животна средина во прво читање денеска поминаа на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.
Со предложените измени, како што појасни министерот за животна средина Муамет Хоџа, се врши усогласување со директива на Европската унија.
– За оваа директива реагираше и Секретаријатот за енергетика. Документот е подготвен во соработка со компетентни лица од областа на енергетиката. Измените се прават заради хармонизација со директивата на Европската унија – појасни министерот Хоџа.
Со измените се преземаат и мерки за заштита на животната средина и за зголемување на транспарентноста.

