Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Предлог-измените на Законот за минерални суровини ги зајакнуваат механизмите за заштита на животната средина и улогата на државата во управувањето со ресурсите

Предлог-измените на Законот за минерални суровини не се закана за животната средина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-измените на Законот за минерални суровини не се закана за животната средина, затоа што во сила остануваат сите постојни механизми за нејзина заштита, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Предложените измени се јасно дефинирани, ограничени по опфат, прецизно таргетирани и се однесуваат исклучиво на јавните претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола и на минерални суровини од јавен интерес, пред сè енергетски минерали како јагленот и други ресурси со стратешко значење за државата.

Важно е да се напомене дека во ниеден случај не се менуваат еколошките стандарди, не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат механизмите за инспекциски надзор и контрола и не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии на приватни субјекти.

Реклама

Наспроти тврдењата во јавноста, измените ја зајакнуваат улогата на државата во управувањето со ресурсите од стратешкото значење и со нив се обезбедува координирано и контролирано користење на ресурсите.

Во член 10 се предвидува дека за одредени категории минерални суровини од јавен интерес, Владата дава претходна согласност во постапката за доделување концесија за детални геолошки истражувања.

Ова, во ниту еден случај, не е олеснување на процедурите, туку, напротив, претставува вклучување на највисокото ниво на одлучување, што значи поголема одговорност и институционална контрола.

Измените овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

Тие имаат цел да ги надминат практичните административни пречки кои досега ја отежнуваа реализацијата на проекти од јавен интерес, особено во енергетскиот сектор, што значи поефикасна постапка, не пониски стандарди.

Со овие измени се дава предност на јавниот интерес преку институции под државна контрола и се создава правна рамка за реализација на проекти од стратешко значење, особено во енергетиката.

Сето ова не значи либерализација, туку поефикасни постапки, повисоко ниво на контрола на државата, високи еколошки стандарди и зајакнати механизми за заштита на животната средина.