Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Предизборно вдомување на луѓе блиски до Заев на важни државни позиции

Вуиќ сака да оди во АЕК, сопругата на Медарски пак стана член…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вуиќ сака да оди во АЕК, сопругата на Медарски пак стана член од новата антикорупциска, се чини адвокатите на поранешниот премиер Заев добро се снајдоа.

Ваквите позиции се привлечни, особено заради високите примања и надоместоци чија основица е околу 1000 евра, но во некои случаи и повеќе.

Се поставува прашањето како токму адвокатот на Заев, кој беше и поранешен кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Центар се најде во потесниот круг за избор за Агенција за електронски комуникации, дали неговата блискост со Заев покрај тоа што му се исплатеше кога беше негов адвокат, му е од корист и сега?

Реклама

И другиот адвокат на екс претседателот на СДСМ, Медарски, се чини дека се офајди од соработката, односно поврзаноста со Заев. Неговата сопруга, судијката Софија Спасова Медарска стана член на антикорупциска, останува отворено прашањето дали можеби Заев има замешано прсти за позициите кон кои целат неговите адвокати и луѓето блиски до нив.

Дека влијанието на Заев во општествено политичкиот живот не е замрено, зборува и самиот факт дека се погласни се шпекулациите дека крилото на Заев во СДСМ има огормна моќ, и дека токму поранешниот премиер му дава ветер во грб на сегашниот министер за внатрешни работи за претседателска кандидатура. Заев се појави и на фотографија со Спасовски во дворот на МВР каде донираше 6 скутери за полицијата. Фотографијата ја објави и министерот за внатрешни каде напиша дека фондацијата Заев е поддржувач на МВР.

Се поголемиот раскол во СДСМ е баш за кој да биде кандидат за претседател на државата од редовите на социјал-демократите, дали Пендаровски, дали Шекеринска, или можеби токму Спасовски кој суптилно најави дека тој би бил идеалниот кандидат. А поддршка барем според гласините добива од Заев, кој го фаворизира Спасовски ако не биде кандидат за претседател на држава, да му го завземе местото на Ковчевски на чело на СДСМ.

Инаку вдомувањето на партиски кадри, но пријатели и познаници во државните институции највеќе можеше да се забележи во периодот во владеењето на Заев, а потоа како тивка пракса продолжи и во владеењето на Ковачевски. Еден последните примери кои предизвикаа бура на рекации во јавноста беше тоа како синот на спокерот на Џафери стана обвнител, неговата керка дел од надзорот за парно греење на скопјани.