Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Предизборно полупразните индустриски зони ќе „светнат“ за 30 милиони евра, власта не гледа ништо спорно во тендерот

Нови фабрики не се изградија, ама затоа власта предизборно си склучи зделка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови фабрики не се изградија, ама затоа власта предизборно си склучи зделка од безмалку 30 милиони евра за на веќе постојните да им гради сместувачки капацитети, детски градинки, амбуланта, паркинзи. За премиерот Димитар Ковачевски немало ништо спорно што на пет месеци пред избори ќе се опремуваат дел од индустриските зони.

Немам врска со нешто што не сум го водел како процес. Директорот нека ви објасни. Јавна набавка се прави согласно Закон на Јавни набавки. Ако ја запазиле постапката, се е во ред. Плус, после овие избори ќе дојдат пак локални избори – рече премиерот.

Првиот човек на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони пак се чуди зошто во јавноста се крева прашина за проектот кој и онака бил дел од програмата на ТИРЗ за 2023 година. Но сепак и денеска не даде конкретен одговор зошто токму на крајиот на годината, непосредно пред формирањето на техничката Влада се склучува зделката.

Реклама

Не гледам што е спорно. Имавме редовна постапка, тоа е предвидено во годишна програма за 2023. Ова е еден нов пристап за давање дополнителни услуги. Ние зборуваме за задржување на работниците, па, платите не се единствен сегмент. Има и други работи. Елементарна работа е детска градинка, примарна здравствена заштита. Ние имаме Зона каде најблиската здравствена заштита е на 20 километри. Извинете, но тоа не е современ услов за работа. Тоа е дел од годишна програма за работа, редовно спроведена постапка, две компании учествувале, конкурентен процес, не знам од кога стана проблем да се вложува во тоа. Законот е јасен. Ние нема да застанеме со работа ако има избори – рече директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Тендерот го доби Стентон градба, битолска компанија која и досега има добиено еден куп милионски тендери на државно и локално ниво. Таа е ангажирана за изградбата на железничкиот коридор Бељаковце – Крива Паланка, браната во штипско на реката Отиња, а е и еден од подизведувачите за изградба на автопатите, проект кој го доби Бехтел и Енка.

Стентон градба минатата година склучила договор за изградба на терминал на парцела во ТИРЗ Битола во вредност од над два милиони евра  ( 2 .424.  374 евра ) . Во 2018 -та пак за изградба на водоснабдителен систем за ТИРЗ Прилеп се склучил договор тежок 832. 870 евра , а следната година исто во ТИРЗ Прилеп „паднал “ договор за изградба на сообраќајници и хидротехничка инфраструктура во вредност од над 600 илјади евра .  Во изминативе седум години фирмата добила речиси 34 милиони евра (33.558.975) од тендери за технолошко индустриските зони. Според она што може да се види на сајтот на јавни набавки, компанијата има и соработка и со повеќе општини како во Прилеп, Битола и Крушево.