Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Предизборна „шминка“ или реална градежна офанзива на патот Прилеп – Мариово?!

Што се случи со градежната механизација со која на првиот ден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што се случи со градежната механизација со која на првиот ден од месецов, министерот Сугарески и градоначалникот на Прилеп, Јованоски го најавија започнувањето на рехабилитацијата на долго ветуваниот Регионален пат Лагово-Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово, кој со години е во очајна состојба ?! Денеска, на десеттиот ден од почетокот на работите, освен изгребаниот асфалт во должина од неколку километри и новопосланиот асфалт на само околу 300 метри, ништо друго не укажува дека тука се изведуваат крупни градежни работи за проект кој е вреден 40 милиони денари, што го наметнува прашањето дали станува збор реална градежна офанзива, или пак само за предизборна „шминка“ ?!

На прашањата – дали и зошто работите се стопирани, каде е механизацијата и кога се планира да биде готов овој пат, одговор побаравме од ПР-службата на градоначалникот, но до крајот на работното време, оттаму не бевме удостоени со никаква повратна информација.

При започнувањето со градежните работи, министерот Сугарески не прецизираше кога точно се планира да се заврши овој, 7 километри долг пат од с. Крушејца до с. Штавица, освен дека очекувал дека ќе има забрзување на работата и дека во извесен временски период, во целост ќе биле завршени планираните активности.

Реклама

Инаку, заради очајната и крајно небезбедната состојба на овој пат, кон крајот на минатата година, поранешни, но и сегашни жители, како и луѓе кои имаат свои бизниси во овој еколошки недопрен крај, протестираа на неколку наврати, барајќи итна санација, бидејќи, како што изјавија тогаш, бројот на сообраќајки постојано растел, најмногу заради дупките кои биле цели кратери.

Каролина Дурло