Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда

Собранието денеска ќе одржи две пленарни седници – 58-та и 55-та. На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе одржи две пленарни седници – 58-та и 55-та.

На дневен ред на 58. седница се предлог-законите кои се дел од Реформската агенда – Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, Предлог на законот за електронските комуникации, Дополнетиот предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Дополнетиот предлог на закон за архивски материјал и архивска дејност, сите во второ читање и Предлог на законот за вработените во јавниот сектор, Предлог на законот за административни службеници и Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите во прво читање.

Пред пратениците во рамки на 55-та седница ќе дискутираат по Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, Предлог на законот за инспекциски надзор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети и во кривична и прекршочна постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за стоковните резерви, Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, сите по скратена постапка.