Реклама
Македонија

„Празничен туризам“ – злоупотребата на децата се префрла во Охрид

Туристичките центри,дувло на организирано питачење. Во пресрет на новогодишните и Божиќни празници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Туристичките центри,дувло на организирано питачење. Во пресрет на новогодишните и Божиќни празници состојбата е застрашувачка, посебно во Охрид каде се транспортираат питачи од повеќе градови, а жртви се најчесто децата,алармираат од невладината “Градиме иднина”. Зад привидната сиромаштија стојат мафијашки структури, претворајќи го социјалниот проблем во добро разработен криминален бизнис. Одминистерството за внатрешни работи кое е се поприсутно на терен, до сега се поднесени 246 кривични пријави.

И кривично ќе одговараат ,тоа го следи полицијата.Им поднесе кривични пријави затоа што децата ги злоупотребуваа, беа во злосторничко здружување, во организација каде што со децата тргуваа, правеа и бизнис, проституција  прошируваа и тн -вели Илија Јовановиќ- здружение Градиме идина

Буквално сите институции и на централно и на локално ниво повеќе од 35 години не превземаа ништо за сузбивање на питачењето. Последниве две, бројот на питачи е намален, но над 2000 деца питачи преку ноќ невозможно е да се тргнат од улица, вели Јовановиќ. Тој со апел до градоначалниците, посебно на туристичките центри да го решат проблемот со питачењето. Во Македонија има два дневни центри за нивно згрижување што не е доволно. Од здружението “Градиме идина” апелираат да се изгради уште еден дневен центар и тоа во Охрид, а до тогаш граѓаните да се воздржат од ставање пари на подадената детска рака. 

Реклама

Затоа апелиран граѓаните на Охрид,сите туристи да не им даваат монети затоа што тоа е кривично дело,злосторничко здружување.И сите други работи кои ги истражувавме тие ги привикнуваат, наместо да го одвикнуваат.Затоа што овие пари кои ги добиваат питачите завршуваат кај организаторите, кај мафијата, а децата добиваат од 10 до 50 денари и еден дебел ќотек-вели Јовановиќ.

Децата се на улица од 9 часот наутро до 2-3 часот по полноќ и заработуваат од 3 до 6.000 денари,тоа е дел од криминалната шема која го собира секој денар. Во улога на питачи најчесто се деца од социјално ранливи категории семејства. Истажувањата покажуваат дека 18.500 деца никогаш не седнале во училишните клупи нити знаат што е градинка. Сега со заложби на Владата и образовните институции околу 200 деца се запишани во училиште, а 145 се грижени во групни домови и згрижувачки семејства. Од здружението “Градиме иднина” веќе 4 години го спроведуваат проектот стоп против питачење и злупотреба на децата. Ставен е во функција и протоколот кој 35 години се чуваше во фиока, никој не го работеше нити знаевме дека постои, додава Јовановиќ. Истиот се разработи со релевантните институции, целта е да им се овозможи на овие деца кров над глава, образование, грижа за нивното здравје и документи за идентификација, оти немаат нити извод на родени.