Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Пратениците од Европскиот фронт бараат укинувањето на техничката влада да се разгледува на Комитетот за односи меѓу заедниците

Собранието ја продолжи 98. седница по измените на Законот за Владата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието ја продолжи 98. седница по измените на Законот за Владата со којшто се предвидува укинување на техничката влада со одложено дејство, но таа беше повторно одложена за половина час за дополнителни консултации од страна на пратеничката група на СДСМ откако Рина Ајдари, координаторка на пратеничката група на Европскиот фронт побара измените да бидат разгледани на Комитетот за односи меѓу заедниците. 

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски повикувајќи се на член од Деловникот рече дека предлогот треба да биде ставен на гласање, додека Ајдари рече дека расправата треба да биде одложена и по автоматизам измените на Законот за Владата треба да бидат разгледани и на седница на Комитетот. 

– Имајќи предвид дека законот за техничката влада е донесен со политички консензус и со поддршка на меѓународниот фактор и е потпишан од двата поголеми етникуми во државата, и на директен начин ги допира меѓуетничките односи и може да има влијание во политиката во иднина неопходно е тој да се разгледува во Комитетот за односи меѓу заедниците како надлежен за тоа. Пред да се отвори општа расправа за овој закон барам според Деловникот на Собранието и на Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, Предлог на Законот да биде разгледуван во Комитетот и потоа да се заземе став како ќе биде изгласан,  рече Ајдари.

Реклама

Потпретседателот на Собранието Милошоски рече дека врз основа на член 87 став 4 од Деловникот, Собранието може да одлучи седицата да се прекине по барање на претседателот на работно тело или координатор на пратеничка група заради одржување на седница на работно тело и дека ќе го стави на гласање.

– Вие побаравте да се разгледува на Комитетот за односи меѓу заедниците. Без разлика иако тоа тело не е формирано, согласно Деловникот јас ќе го ставам на гласање за Собранието да одлучи дали го прифаќа предлогот, рече Милошоски.

Ајдари во процедурална забелешка рече дека нема потреба пленумот да гласа туку по автоматизам треба да се испрати до Комитетот за тој да даде препорака како натаму. 

Потоа Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ побара седницата да биде прекината за дополнителни консултации. 

Пленарната седница треба да продолжи во 15 часот. За расправа по Предлог законот за измена на Законот за Владата за збор се пријавени 15 пратеници.