И додека Таравари мака мачи да го собере своето крило, неговите досегашни партнери од Влен ја официјализираа пратеничката група со девет пратеници. Наскоро таа ќе се зголеми на десетмина, по оставката на пратеникот Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција, а на негово место ќе дојде пратеник од Беса. „Влен“ во моментов се најголемата пратеничка група од албанска националност во Собранието. Нивниот координатор се надева дека групата ќе се зголеми повикувајќи ги останатите од крилото на Таравари да им се приклучат.