Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Економија

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Во мај 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мај 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 п.п. и 0,43 п.п., соодветно и изнесува 5,06%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,21% што претставува месечен и годишен раст од 0,01 п.п. и 0,35 п.п., соодветно.

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во мај, е зголемена за 0,85 п.п. при годишен пад од 0,47 п.п. и изнесува 4,72%. Кај просечната каматна стапка
на новопримените депозити е забележан месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,32%.

1. Каматни стапки на корпоративниот сектор
– Во мај, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,66% и е пониска за 0,07 п.п. во споредба со претходниот месец.
Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при забележан пад и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.).

Реклама

Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка бележи намалување од 0,65 п.п.

‒ Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во мај, оствари месечно зголемување од 1,25 п.п. и изнесува 4,67%. Месечната промена се должи на растот на каматните стапки на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 1,35 п.п. и 0,46 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,17 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,49 п.п.

– Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е непроменета на месечна основа и изнесува 2,62%. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,41 п.п.

‒ Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор изнесува 2,30% и забележа месечен раст од 0,07 п.п. Нагорната промена во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,22 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад од 0,21 п.п. Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,08 п.п. на годишно ниво.

2. Каматни стапки на домаќинствата

Во мај, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,45%. Анализирано по валута, промената произлегува од падот на каматните стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), како и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.).

На годишна основа, оваа каматна стапка оствари пад од 0,20 п.п.

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во мај, забележа месечен раст од 0,12 п.п. и изнесува 4,79%. Притоа, растот во целост се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), при пад на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Годишниот пад на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 0,47 п.п.

– Во мај, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 2,15% и бележи месечно зголемување од 0,01 п.п. Месечната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е повисока за 0,34 п.п.

– Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 овој месец е пониска за 0,08 п.п. и изнесува 2,34%. Притоа, падот е резултат на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,24 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во мај, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,02 п.п.