Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Пожар во прочистителна станица во кочанско, пожарникарите спречиле експлозија на метан

Спречена експлозија на метан во кочанско. Пожарникари успеале брзо да го совладаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спречена експлозија на метан во кочанско. Пожарникари успеале брзо да го совладаат пожарот кој избувнал во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Пламените јазици се појавиле на инсталација на системот за пренос на гасот , при што се запалиле цевки од системот.

  • „Ние добивме дојава за пожар во 20:30 часот од лице вработено во  прочистителната станица во Мојанци дека има запалена инсталација на преработка на сулфур, за преработка на метан, реагиравме  веднаш со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД . Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат,  изјави Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ.

Пожарникарите не можат да направат проценка колкава штета би се предизвикало ако експлодирал метанот.

  • Не можам да кажам колкава е опасноста, до самата преработка на сулфорот постои, има еден голем балон, кој со преработка на сулфур од прочистителната станица се полни со метан, беше голем пожарот со сериозен карактер…

Има само материјална штета, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат. 

Реклама

Командирот апелира да не се пали оган на отворено во близина на прочистетелната станица каде што има земјоделско земјиште.