Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Пожар кај Глажња во Липково, екипите и денеска на терен

Екипите на подрачната единица на „Македонски шуми“ сè уште се на терен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на подрачната единица на „Македонски шуми“ сè уште се на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот кој избувна вчера кај акумулацијата Глажња во општина Липково, информираа денеска надлежните од претпријатието. Заменик директорот на претпријатието, Кире Михаилов информираше дека пожарот е пријавен околу пладне, вчера. Веднаш излегле екипи на претпријатието како и на ТППЕ Куманово.

Пожарот има зафатено две страни од широк прооден пат што значи намерно е подметнат на двете страни од патот, инаку нема никаква можност истиот да биле префрлен од едната на другата страна природно – изјави Михаилов.

Тој се сомнева дека пожарот е последица на претходната акција на претпријатието за одземање нелегално исечени дрва во регионот, по што се појавиле пожарите. Михаилов вели дека брзата интервенција ќе спречи ширење на пожарот кон повисоките места каде нема пристапен пат и во моментов нема сериозни закани да излезе од контрола.

Реклама

– Мораме да се потрудиме во текот на овој ден го ставиме целосно под контрола и долниот делот зафатен со пожарот-рече Михаилов.

Пожарот зафатил ниска деградирана шума. Од РЦУК Куманово, информираа дека Полициската станица Матејче ги информирала за пожарот на ниската дабова шума кај село Глажња, првично пожарот се движел во три правци кон Думановце, каде постоело можност да зафати фарми со крави, кон село Гошинце и кон село Брест. Екипите остануваат да го гасат пожарот во текот на денешниот ден.