Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Утрово повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрово повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско кој избувна вчера попладне, а  кој по повеќе од 10 часа  целосно беше изгаснат доцна синоќа 22:50 часот од страна на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од  Велес со подршка од Дирекцијата за заштита и спасување и Шумското стопанство „Бабуна“, кои на терен дежураа цела ноќ.

Поради силниот ветар  утрово повторно огнот  се разгоре и на терен во гаснење на боровата шума над село Ногаевци повторно  отиде екипа на ТППЕ Велес. Велешките пожарникари поради силниот ветер и брзото ширење на огнот  попладнево околу 12:30 часот побараа на помош уште две екипи.

Со тоа сега на терен во гаснењето на шумскиот пожар со борова шума се вклучени три екипи пожарникари од ТППЕ Велес, од кои две екипи со две противпожарни возила се во боровата шума од страната над село Ногаевци и една екипа со едно возило во боровата шума од страната на село Кочилари. Во гасење на пожарот се вклучени и вработени во Шумското стопанство „Бабуна“.

Реклама

Инаку во  Пожарната во Велес вчера попладне во 13:25 часот била  примена дојава за запалена борова шума во село Ногаевци.

Територијална противпожарна единица Веле излегла на терен со две противпожарни  возила и шест пожарникари. По пристигнувањето на лице место, поради сериозноста и брзото ширење на пожарот, од страна на единицата беше побарана дополнителна помош, при што се приклучиле уште две  противпожарни  возила и шест пожарникари.

Во акцијата за гасење на големиот шумски пожар се вклучи и Дирекцијата за заштита и спасување, со два Ер трактори и два огнени тимови со два „пинцгауери“.

По повеќе од 10 часа борба со огнената стихија екипите успеаја да го изгаснат големиот пожар доцна  синоќа во 22:50 часот, а на терен цела ноќ беше оставеа екипа на Шумското стопанство „Бабуна“. Но,  поради силниот ветар пожарот на овој ист терен утрово и попладнево уште повеќе  се разгоре и освен од страната над село Ногаевци се префрли и од страната над село Кочилари.

Засега нема опасност од пожарот по куќите, информираат од ТППЕ Велес.