Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Прилози

Повторени локални избори во четири општини: Гласаат болните, немоќните и затворениците

Болните и изнемоштените како и затворениците и притворениците од 4-тирите општини Гостивар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болните и изнемоштените како и затворениците и притворениците од 4-тирите општини Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска гласаат на повторените локални избори. Засега гласањето се одвива непречено без никакви проблеми, информираат од Државната изборна комисија.

Во Гостивар за остварување на правото на глас се пријавиле 146 болни и изнемоштени лица. Во седум казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 луѓе кои се на издржување казна затвор или притвор.

Во Маврово Ростуше ќе гласаат 69 болни и двајца затвореници, во Врапчиште 32 болни и 11 лица во затвор, додека во Центар Жупа се пријавени двајца болни луѓе.

Реклама

Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и две лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа – соопшти Државната изборна комисија, информираат од Државна изборна комисија.

Локалните избори за овие четири општини се повторија бидејќи не беше постигнат ценсуз односно недостигаше потребната излезност од една третина од запишаните гласачи во избирачкиот список.

На овие повторени избори нема да биде потребен цензус. За да се избере градоначалник, доволно е еден од кандидатите да добие повеќе од половината од гласовите на излезените избирачи.

На локалните избори во окотомври во Гостивар одѕивот беше 33,31%, во Маврово-Ростуше 30,31%, во Врапчиште 25,18%, а во Центар Жупа само 21,49%.

Во Гостивар, Маврово и Врапчиште граѓаните ќе избираат помеѓу двајца канидати додека во Центар Жупа има само еден кандидат.

Ова се последни избори кои ќе ги спроведе актуелниот состав на ДИК, чиј мандат завршува на 15 јануари.