Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Повик за субвенции за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници

Владата ќе доделува субвенции за нови авиолинии, но овој пат со променет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ќе доделува субвенции за нови авиолинии, но овој пат со променет модел од кој бенефит ќе имаат повеќе патници.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации па оттука ќе се следи бројот на неделните летови, атрактивноста на аеродромот кон кој се лета, како и бројот на продадени билети.

Државата ќе плаќа девет евра во денарска против вредност по патник, превезен од Меѓународен аеродром Скопје, а 12 евра во денарска против вредност, по патник превезен од аеродромот во Охрид.

Реклама

Оној авиопревозник кој ќе добие субвенции е должен секоја нова дестинација воспоставена до и од аеродромите во Скопје и Охрид, да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање.

Исто така должен е да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт.

За оваа намена Владата обезбеди средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок е 7 октомври до кога може да се доставуваат барања до Министерството за транспорт.

Може да аплицираат авиокомпании кои поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година и имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година.

Владата пред една недела ги усвои сет мерките за зголемување на бројот на патници на аеродромите и најави нова тригодишна програма за финасиска поддршка што ќе стартува од 1 јануари. Зголемена е поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра и од 4,5 евра на 12 евра на охридскиот аеродром по превезен патник.

Со промените во доделувањето субвенции, според ресорниот министер Александар Николоски, конечно ќе се реши проблемот со зависноста од една авиокомпанија.

Порталот EX-YU aviation news неодамна објави дека „Виз Ер“ во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година.

Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858. „Виз Ер“, продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија.

Љубиша Владимиров