Реклама

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Економија

Повик за финансиски понуди за автопатот Кичево – Букојчани на 1 август, најави Николоски

Повик за финансиски понуди за автопатот Кичево – Букојчани во должина од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повик за финансиски понуди за автопатот Кичево – Букојчани во должина од 11 километри ќе биде објавен задутре, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски истакна дека се работи интензивно на автопатските решенија на Коридорот 8, посочувајќи дека си поставиле рок до крај на 2028 година од граница со Бугарија до граница со Албанија да има целосен автопат.

– На автопатот Кичево Охрид се работи интензивно. На автопатот не се работело добри 7,5- 8 години и се работи во последните девет месеци, затоа што ни требаа неколку месеци да видиме каква е состојбата, да се соберат документи, да се направи анализа, итн.. За овие осум-девет месеци успеавме да ги завршивме првите 20 километри, на крајот на летото ќе пуштиме уште 17-18 километри. Потоа одиме во потешката фаза, остануваат уште 17 километри плус тунели од два километри кои што се завршени, сега се работат пристапните патишта. Очекувам до крајот на следната година како што е согласно законот што е усвоен и рокот што е зададен да го завршиме и првпат да имаме проект кој е завршен во рок, нема да е во првичниот рок, туку во продолжениот рок кој не е зададен од нас туку од претходната влада да го испочитуваме и да се заврши, рече Николоски.

Реклама

Не застануваме тука, дополни министерот, и продлжуваме со активности во делот на спојката помеѓу двата автопата, Охрид – Кичево и Букојчани- Скопје.

– За Кичево Букојчани задутре излегува повикот за финансиски понуди, го работиме заедно со Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова развој. Има и грант компонентна, тоа се 11 километри, а на Гостивар-Букојчани веќе се работи интензивно, исто така и Гостивар-Тетово. Тетово-Скопје веќе има автопат и крајниот рок што го поставивме е до крај на 2028 година од граница со Бугарија до граница со Албанија, односно од Крива Паланка до Струга и Охрид да има целосен автопат, рече Николоски.