Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани.

Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Според локалните власти, доколку сопствениците сами не ги отстранат пловните објекти поставени на јавните површини предвидени за рекреација на туристите, тоа ќе го сторат екипи на општинските јавни претпријатија, а трошоците за тоа ќе паднат на товар на сопствениците.