Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Повеќе од месец дена се чека на анализите од водите на река Брегалница која поради пукнато црево целосно побеле

Повеќе од месец дена се чека на анализите од земаните мостри од…

Сподели:

Повеќе од месец дена се чека на анализите од земаните мостри од водите на река Брегалница која поради пукнато црево кон крајот на јуни целосно побеле. Државниот инспекторат за животна средина се уште ги нема добиено резултатите од мострите што ги зеде Крим техника. Единствено, инспекторот за животна средина кој го води случајот, го добил само сертификатот за безбедност на течноста . Во него германската компанија , производителот на материјата литекс која се користи како сврзувачко средство за технички текстил тврди дека не е токсична и не е штетна по природата и луѓето. Колкави ќе бидат казните и како ќе се постапи понатаму ќе зависи од тоа што ќе покажат аналзите.

До сега Државниот инспекторат има изречено само мандатна казна во висина од 3000евра на компанијата ТЕхникал текстајл во чии двор пукна цревото на транспортерот. Тие се казнети бидејки инцидентот не го пријавиле, и на тој начин го прекршиле Законот за води.

На неажурност на институциите обвинуваат и штипското риболовно здружение . Преседателот на Брегалница 2011 Никола Мицевски за Алфа вели дека и тие имат испратено мостри до Институт за сточарство при УКИМ, но резултати се уште немат.

Реклама

Река Брегалница пред повеќе од месец дена целосно побеле. Белата боја и непријатната миризба на лепак во вечерните часови првија ја забележаа граѓаните кои со фотографии почнаа да алармират на социјалните мрежи. Виновникот експресно беше откриен, а причина за побелувањето беше пукнато црево од цистерна при дотур на течноста во склад на фабриката Техникал текстајл.

Пред две години Брегалница беше обоена во црна, сива и црвена боја. Тогаш инспекторите не можеа да го локализират виновникот, само беше откриен пропуст кај неколку компании во кругот на Македонка, кои се занимаваат со боење на ткаенини

Александра Ристеска